Ефикасно слабеење со помош на чајот од пченкарна свила

Уште од дамнина користено, а од науката потврдено-пченкарната свила е исклучително ефикасно природно средство за безбедно и брзо слабеење.

Доколку се двоумите околу тоа што точно е пченкарна свила, најлесно ќе можете да ја препознаете во периодот на раст на пченката, таа  виси од плодот во вид на тенки и свиленкасто жолти влакна.

Чајот приготвен од пченкарна свила е еден од најмоќните природни диуретици. Преку зголеменото мокрење се излачуваат и штетните материи од организмот, што го прави овој чај одличен природен лек за детоксификација на организмот.

Поради силното диуретичко дејство, чајот од пченкарна свила може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми, секако доколку се придржувате на режим на исхрана со ограничен внес на калории.

За да го приготвите чајот од пченкарна свила во една шолја со врела вода ставете една лажичка издробена свила и оставе го да отсоти десетина минути. Потоа извадете ја свилата од течноста со помош на лажица и конзумирајте го чајот незасладен. Во текот на денот потребно е да испиете најмалку пет шолји чај од пченкарна свила во временско растојание од два часа за да го постигнете оптималниот резултат.

Likes:
0 0
Views:
28
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *