Зеленото кафе со право е еден од најбараните напитоци за слабеење

Можеби сте слушнале дека со кафето може да се слабее, но имајте во предвид дека тоа сигурно не се оние ароматични кафиња, по можност со млеко и шеќер, во кои уживате секојдневно.


Зеленото кафе со право е еден од најбараните напитоци за слабеење ширум светот.

Суровото и непржено кафе има зелена боја. Сигурно не е толку вкусно како прженото кафе, но корисните придобивки од него се значително поголеми од црното кафе на кое сме навикнати. Екстрактот од зелено кафе игра огромна улога во процесот на блокирање на шеќерите внесени преку храната. Затоа, зелено кафе, може да се земе како “превенција” пред јадења кои се изобилуваат со прости јаглехидрати.

Она што го прави ова кафе важна алка во процесот на намалување на тежината е високото ниво на хлорогенска киселина во неговиот состав. Оваа киселина е силен антиоксиданс. Научно е потврдено дека хлорогенската киселина го намалува таложењето на мастите и истовремено, преку низа метаболитички процеси го поттикнува процесот на нивното согорување.

Како функционира зеленото кафе?

Двете активни супстанции во зеленото кафе се антиоксидансите и хлорогенската киселина. Тие делуваат на метаболизмот на јаглени хидрати на тој начин што ја инхибираат активната апсорпција на гликозата. Наместо глукозата, како главен извор на енергија за организмот ќе бидат повикани масните киселини, со што директно ќе се делува на намалување на масните наслаги.

Консумацијата на зелено кафе не се перпорачува на лицата со оштетување на црниот дроб, лицата кои боледуваат од дијабетес тип 1 и лицата кои практикуваат исхрана сиромашна со јаглехидрати ( кето и аткинсонова диета )

Likes:
0 0
Views:
134
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.