Зошто се појавуваат стрии во бременоста

Стриите се промени кои се случиле во епидермот, забрзувајќи го природниот процес на стареење на кожата во оние делови кои се зафатени со стрии.

Забрзувањето на процесот на стареењето се случува поради израмнување на спојот на дермисот и епидермисот, како и промени во елстичните и олагенските влакна од кои е составена кожата.

Две главни причини поради кои се појавуваат стрии во текот на бременоста се:

– Механичкото растегање на кожата

– Промените во нивото на хормони кои предизвикуваат промена во нормалното функционирање на клетките

Прекумерното лачење на надбубрежната жлезда предизвикува проблем во способноста за синтеза на фибробластомите, главните клетки кои се составен дел од потпорното ткиво на кожата.

Колагенските влакна го намалуваат својот број, послабо се организирани, а на некои места се искршени или атрофични.

Целиот овој процес резултира со појава на пукнатини на кожата наречени стрии.

Доколку не можете да го спречите нивното појавување не очајувајте, на нив гледајте како на спомен од еден посебен и исклучително убав период од вашиот живот-периодот на исчекување на првата прегратка со вашето малечко.

Likes:
0 0
Views:
149
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.