За да ги отстраните старечките дамки, масната кожа и акните, може да направите природно средство со користење на состојки од вашата кујна.
Всушност станува збор за далеку познатата маска што во својот состав ги содржи лимоновиот сок и морската сол.
Лимонот во комбинација со морската сол е ефикасен начин да се решите од старечките дамки по кожата, претераното замастување и појавата на акни.
Лимонот врши ексфолијација, а солта има антибактериски својтва, што ја прават оваа смеса одлично природно средство за чистење на кожата.
За да ја подготвите маската потребно е да промешате сок од еден цеден лимон со крупна морска сол се додека не стане поретка паста.
Од пастата нанесете на кожата и оставете десетина минути да поделува. Потоа измијте се со ладна вода.