Имаше живот и пред него- се сеќаваш ли на себе?

Имаше живот и пред него, знаеш нели? Всушност, ако добро се потсетиш имаше преубав живот пред него. Сети се на светлото кое светеше толку силно пред тој да го украде твоето срце.

Сети се која беше ти пред тој да помине како ураган низ твојот живот и да го остави твоето срце на парчиња.

Беше вистински огномет!

Беше тело составено од магија и волшебни светови кое се движи.

Не си глупава. Можеби малку наивна. Беше силна, нескршлива. Пред тој да влезе во твојот живот беше слободен ветер низ гранките, сила која ниту природата не може да ја скроти.

Беше прекрасна, зарем не? Дали се сеќаваш на таа девојка?

Можеби тој ја однесе твојата светлина во моментот кога посегна по твојата чиста душа.

Можеби тој го зема оној ветер кој те буткаше напред кон твоите и само твои височини. Го зема и твоето срце и твоите соништа иако не те праша дали би сакала да му ги дадеш.

Но верувај, можеш се да вратиш. И срцето и силата и онаа старата насмеана ти.

Можеби земал многу, но сепак не земал се. Уште имаш многу нешта што ти припаѓаат само на тебе. Знај, ти си прехрабра, пресилна жена за да успее да ти го земе воздухот. Можеби сега ти се чини дека само преживуваш. Но знај, дишеш. Се уште . И без него дишеш. Можеби те болат раните, но ти знаеш дека ќе им треба време да заздрават. Во твојата здрава свест сеуште те држи помислата дека конечно сфати дека капакот од стаклената тегла во која те зароби не е небото што ти го ветуваше, небото кое и е потребно на слободната птица како тебе.

Секоја помисла на него те боли. Но, со самиот факт што сфати дека не вреди да се менуваш за некој што не помислува да се промени поради тебе веќе си чекор поблизу до целта.

Ти ја имаш таа магија во себе што тој никогаш нема да ја има. Се ќе биде во ред. Верувај дека е така. Само ти немој да престанеш да сјаеш, никогаш, поради никого.

Можеби го немаш него, но се имаш себеси. А потребна си на самата себе. Потребна повеќе отколку што мислиш.

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *