Како да ги елиминирате темните подочници

Најголемиот виновник за појава на темните кругови околу очите, кога е во прашање генетиката, е токму генетската предиспозиција за зголемување на нивото на темниот пигмент меланин, како и намалената циркулација во пределот на очите, односно очните капаци.

Сепак, не помалку важни во низата на причинители се и лошите животни навики. Претераната консумација на кофеин и солена храна, пушењето и недоволниот сон.

Во борбата против подочниците можат да ви помогнат козметичките препарати кои во својот состав содржат ретинол и витамин Ц.

Доколку се одлучите на природен начин да делувате кон нивната елиминација, зеленчукот е вашето главно оружје.

Оваа зеленчукова смеса, која ние ви ја предлагаме да ја подготвите во домашни услови, користете ја како маска која ќе ја нанесете во пределот на подочниците, навечер пред да си легнете.

За нејзината подготовка потребни ви се само три состојки: еден помал компир, една лажичка маслиново масло и пола кафена лажичка сода бикарбона.

Компирот излупете го и изрендајте го. Исцедете го, стискајќи го меѓу дланките, но сепак дозволете да задржи малку од природниот сок. Потоа во него додајте го маслото и содата. Добро промешајте. Смесата нанесете ја на кожата, во пределот каде се подочниците и држете околу половина час. Потоа измијте се со млака вода и нанесете соодветна крема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *