Направете сами антицелулитна маска од грозје

Грозјето уште од дамнина го сметаат за еликсир на младоста.

Исклучително високиот процент на витамини во неговиот состав, особено на витамините  А, Б и Ц овозможуваат  добра превентива за разни заболувања.

Исто така, грозјето изобилува со фолна киселина и ензими но и мноштво минерали кои се важни за човековиот организам.

Употребата на грозјето во козметички цели е честа и корисна. Маските направени од грозје одговараат скоро на секој тип на кожа. Освен што ја обезбедуваат основната нега на кожата, тие имаат неверојатна моќ во борбата против целулитот.

За да направите антицелулитна маска од грозје потребно е да промешајте четири лажици масло од семки од грозје со пет капки масло од лимон. Измасирајте ги критичните места, завиткајте ги во најлонска фолија и оставете да отсоти околу 30 минути.

Оваа маска делува преку богатството од витамин ц кој ја активира разградбата на маснотии и го зајакнува сврзното ткиво под порите на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *