Најголемото ослободување се случува кога ќе сфатиш дека ништо повеќе не мораш

Најголемото ослободување се случува кога ќе сфатиш дека ништо повеќе не мораш.

Не мораш да се докажуваш никому, не мораш да потврдуваш дека вредиш, не мора да освојуваш, не мора да ги убедуваш другите дека си во право, не мораш да се плашиш кој што ќе помисли или кој што ќе рече за тебе…

Најголемото ослободување се случува кога ќе сфатиш што е тоа што тебе ти одговара, заедно со можноста да го правиш тоа што почесто.

Не се форсирај преку твојот лимит. Не мораш, никој нема да рече „благодарам“! А тоа „благодарам“ најважно е да си го кажеш самата на себе. Само од себе и треба да го очекуваш.

Кога навечер ќе легнеш во креветот и ќе ги затвориш очите заблагодари се, меѓу другото, заблагодари се и на самата себе бидејќи тој ден толку си се грижела за себе и си ги почитувала најважните граници-оние кои ти самата си ги поставила, границите на твоите можности. Направи се што можеш во тие моменти, пред сонот, да не легнеш преуморна, незадоволна и истрошена од безброј мали или големи обврски кои, ако бидеш искрена кон себе, ќе признаеш дека самата на себеси си ги наметнала.

Почитувај го правилото „на животните патеки не се трча“! Полека, умерено, со пријатен чекор…за да „трае“ твојата душа подолго и на себе и на другите.

Likes:
0 0
Views:
51
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *