Пилинг од банана за кадифено мека кожа

Сигурни сме дека уживате во вкусот на бананата, но бенефитот од ова овошје не завршува откако ќе го изедете плодот.

Нејзините лушпи, во комбинација со кафениот шеќер можат да направат вистинко чудо со вашата кожа на лицето – да го неутрализираат црвенилото и да го изедначат тенот, а кожата да стане мека и мазна.

Овој пилинг од природни состојки се препорачува да го практикувате барем два пати во текот на една недела, навечер пред да си легнете.

Пред да започнете темелно измијте го лицето со сапун со неутален пх фактор и млака вода. Потоа земете една лушпа од банана и на внатрепната страна од кората посипете кафен шеќер, па добро протријте ја кожата.

На крај повторно измијте го лицето со млака вода и нанесете хидратантен крем.

Likes:
0 0
Views:
153
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.