Слабеењето не значи секогаш и победа над целулитот

Целулитот е една од најголемите естетски маки со која се соочуваат дури 80% од жените ширум светот.

Во основа, со поимот „целулит“ се именуваат молекулите на мастите кои успеале да се пробијат низ ослабеното сврзно ткиво на кожата до нејзините површински слоеви. Личностите кои имаат целулит можат да потврдат дека кожата не е мазна, туку полна нерамнини налик на кора од портокал.

Сигурно се прашувате дали намалувањето на телесната тежина може да го исчисти и целулитот?

Ако практикувате брзи диети или екстремно редуцирана исхрана близу до гладување целулитот сигурно нема да исчезне, дури и да ја намалите телесната тежина. Освен избалансирана исхрана со низок калочинен внес, особено храна која е сиромашна со јаглени хидрати, потребни се и редовни физички активности и редовно хидрирање на телото.

Не се ретки случаите, кога поради наглото губење на килограмите целулитот наместо да исчезне да се интензивира.

Стручњаците се согласни во тврдењето дека најдобар начин за редукција на поткожните масни наслаги во сврзното ткиво е редовното практикување на аеробик вежбите. Со помош на аеробикот најбрзо и најделеотворно може да се зајакне сврното ткиво на кожата и да се подигне нивото на нејзината еластичност со што директно се влијае врз елиминација на целулитот.

Likes:
0 0
Views:
31
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *