Со банана до бујна и здрава коса

Здрава и со одличен вкус, бананата е едно од најкорисните овошја што ни ги нуди природата. Го заситува гладот, како незаменлив извор на енергија не одржува во добра форма, но и помага при одредени здравствени проблеми како што се дијареата, пмс синдром, депресија, подуеност во стомакот, хипертензија и дргуго.

Бананата има исклучително богат минерален состав. Ова овошје е богато со магнезиум, цинк, железо, јод, калциум и витамини како што се А, Б, Д и Е.

Секој од нас, што барем еднаш ги почувствувал благодетите од приодните маски подготвени на база на банана знае дека оваа совршена минерално-витаминска комбинација ветува бујна и сјајна коса, враќајќи го волуменот и здравјето на влакното за кратко време.

Подготовката во домашни услови на оваа природна и делотворна маска за коса на база на банана е едноставна и брза.

Потребни ви се само неколку состојки:

– една банана
– четири супени лажици маслиново масло
– три кафени лажици пресно млеко
– три кафени лажици мед

Постапката е следна: Во блендер ставете ги сите состојки и добро мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
Смесата пред да ја нанесете на косата оставете ја во фрижидер половина час ( бананата можеби малку ќе потемни ). Косата треба претходно да ја измиете на регуларен начин и да ја оставите да се исуши природно. На сува и чиста коса нанесете ја маската од банана, добро протријте во скаплот и оставете да отстои околу дваесетина минути.

На крајот измијте ја косата со млака вода, без употреба на шампон.

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *