Твојата вистина можеби е горка – не очекувај сите да сакаат да го вкусат оригиналот

Можеби стојат на страна, можеби не те сакаат, можеби се плашат од тебе бидејќи си премногу искрена личност која не манипулира со своите реченици, која знае како да направи вистината што ќе ја искаже да биде попривлечна за соговорникот од слатките лаги.

Можеби твојата вистина е горка. Имај во предвид дека многу луѓе не сакаат да го вкусат оригиналот.

Можеби ги плашиш бидејќи точно знаеш кога сакаш нешто и некого, а кога не сакаш. Знаеш, луѓето често се изгубени во потрагата да го откријат истото. Можеби и се толку изгубени во својата несигурност што им станува полесно да ги исфрлат луѓето како тебе, сигурни во себе.

Можеби стојат настрана бидејќи не сакаат да бидеш дел од нивните игри во кои се опседнати да бидат победници. Тие знаат дека ако ти се вклучиш во играта ќе немаат шанса за победа. Можеби си опкружена со големи стручњаци во нечистите игри кои знаат како е, но не сакаат повторно да се вратат назад, од другата страна.

Можеби ти се плашат бидејќи го говориш она што тие не сакаат да го чујат бидејќи се навикнати некој да им сервира лаги.

Едно е сигурно. Тие знаат дека можеш без нив. Дури и кога ќе се повлечеш тие знаат дека ќе останат во свет во кој маските на лицата ќе им бидат судбина.

Likes:
0 0
Views:
155
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.