Безглутенски леб со сусам и семки од сончоглед

За подготовка на овој вкусен леб потребни ви се следните производи:

– 200 грама безглутенско брашно
– 100 милилитри млака вода
– две лажици масло за јадење
– 50 грама семки од сончоглед
– малку сол
– сусам за посипување

Начинот на подготовка е многу едноставен.

Од наведените состојки замесете меко тесто. Покријте го со платнена крпа и оставете да отстои на топло место додека не се зголеми неговиот волумен. Повторно размесете го тестото, обликувајте го лебот по желба, поставете го на набрашнета тепсија и така обликуван оставете го да отстои уште два часа. Врз лебот поросете семки од сусам и од сончоглед.

Печете во претходно загреана рерна околу половина час на темепратура од 180 степени, а потоа уште половина час на температура од 150 степени.

На здравје.

Likes:
0 0
Views:
41
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *