Енергично смути со ѓумбир

Бидете сигурни дека овој напиток ќе ви овозможи оптимално ниво на енергија во текот на целиот ден. Започнете го утрото со остриот вкус на енергичното смути од портокали и ѓумбир.

За подготовка на овој вкусен напиток потребни ви се следниве состојки:

1 портокал
1/2 лимон
1/2 банана
една кафена лажичка изрендан ѓумбир
100 милилитри јогурт
половина лажичка чиа семе

Начин на подготовка:

Бананата и портокалот излупете ги и исечете ги на поситни парченца. Заедно со останатите состојки измиксирајте во блендер.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *