Компир со пилешко филе и печурки

Компирот е еден од главните намирници за спремање на солени јадења. Компирот може да се спреми на многу различни начини. Нашиот избор е компир со пилешко филе и печурки, премногу вкусно и сочно јадење одлично за ручек и вечера.

За да го подготвиме ова јадење, потребни ни се следните намирници:

Компир, едно пилешко филе (бело месо),неколку шери домати,печурки (шампињони),зачини.

Исецкајте ги сите намирници на ситни парчиња и ставете ги во сад за печење со капак, додајте и 100гр.масло и зачинете по ваш вкус со сол и вегета. Затворете го садот со капакот и ставете го во загреана рерна да се пече половина час. Кога јадењето ќе омекне, тргнете го капакот за да се потпече и да добие убава жолта боја. Извадете го од релна и прелијте го со павлака за готвење и вратете го во рерна да се допече.

Вашиот ручек или вечера е подготвен,конзумирајте го додека е сеуште топол.

Едноставен и лесен рецепт за малку поинакво јадење од компир. Супер вкусно и сочно!

Likes:
0 0
Views:
48
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *