Ова е совршеното тесто за пица

Меко и вкусно, совршеното тесто за пица сега може да биде дел и од вашата кујна , исто како во кујните на големите пица мајстори.

Ве советуваме да го направите тестото според препорачаните мерки на состојките.  Ставете го да се пече во веќе загреана рерна. Пријатно ќе се изненадите од неговиот вкус.

За подготовка потребни ви се следниве состојки:

– 1 кесичка сув квасец

– 5 лажици топла вода

– 1 кафена лажичка шеќер

– 300 грама меко бело брашно

– 1 кафена лажичка сол

– 3 лажици маслиново масло

– 100 милилитри млака вода

– 40 милилитри јогурт

Начин на подготовка:

Квасецот разматете го во малку топла вода, додајте го и шеќерот и оставете го да отстои околу пет минути на топло место.

Брашното ставете го во подлабок сад,  додадете ја солта, маслото, квасецот и јогуртот и со постепено додавање на млака вода замесете меко тесто.

Оставете го да отстои околу половина час.

Нараснатото тесто развлечете го со рацете во големина која вам ви одговара.

Истото тесто можете да го користите и за подготовка на превкусни домашни фурнаринки.

На здравје.

Likes:
0 0
Views:
41
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *