Освежителен ментол колач без брашно

Лесен и воздушест, со малку калории, а со неодолив вкус.
Освежете и заблажете се во исто време со домашниот колач од нане.

За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи:

-100 г црно чоколадо
-50 г путер
-4 јајца
-50 г шеќер
-1 супена лажица какао во прав
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1 лажичка цимет во прав
– неколку ситно исецкани листови нане

Подготовката е навистина едноставна.

Во подлабок сад на пареа растопете го црното чоколадо, а потоа додадете го путерот. Со постојано мешање додадете го нането и циметот па тргнете го садот од оган.

Во друг сад белките од четирите јајца добро изматете ги. Во цврстиот снег од белки додадете ги жолчките. Проролжете да матите. Откако смесата ќе се соедини додадете го растопеното чоколадо со останатите состојки и промешајте со лажица.

Смесата излејте ја во плех обложен со хартија за печење. Печете на температура од 180 степени се додека колачот не се зарумени.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
37
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *