Освежително смути за енергичен ден

Сигурни сме дека секое утро ќе уживате во освежителниот вкус на ова смути од краставица, додека истовремено вашиот организам се чисти од токсините, овозможувајќи ви дополнителна енергија за престојниот ден.

За подготовка на овој превкусен напиток од свежи состојки потребни ви се следниве производи:

– една краставица
– еден морков
– неколку листови свеж спанаќ
– пола кафена лажичка суво нане

Подготовката е многу едноставна.

Спанаќот добро измијте го, а краставицата и морковот излупете ги и исецкајте ги на помали парчиња. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. При крајот додадете половина чаша вода и промешајте повторно.

На здравје.

Likes:
0 0
Views:
40
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *