Пита со спанаќ и јајца

За ова солено јадење или пита со спанаќ потребни се околу 45 минути за да се подготови. Јадењето е за 4 лица.

Потребни ви се 170 грама замрзнат или свеж спанаќ , доколку користите замрзнат спанаќ,одмрзнете го и исцедете ја водата.

Натопете ги лисјата од спанаќот во голем сад со ладна вода за да го исчистите од нечистотијата. Исцедете и повторете го процесот додека лисјата од спанаќ не бидат целосно исчистени.

Подготовка на рецептот со спанаќ и јајца

Потребни состојки:  400 гр. спанаќ, 2 лажици масло (може и маслиново масло), 1 главица кромид, 1 чешне лук,6 јајца, 2 лажици млеко, 1/3 шоља рендан пармезан, 85 гр сирење, и додадете бибер по вкус.

Вклучете ја рерната да се загрее. Спанаќот кратко обарете го во вода неколку минути додека не омекне. Исцедете ја водата од спанаќот и измијте го со ладна вода да се олади. Исцедете ја повторно водата од спанаќот со рацете колку што можете. Во сад изматете ги јајцата, додадете го млекото,пармезанот,солта и биберот. Во тавче ставете масло и додадете го исецканиот кромид и ставете го тавчето во загреана рерна да се крчка 5 минути, потоа додадете го исецканиот лук и печете уште неколку минути.

Измешајте го сецканиот спанаќ со кромидот и рамномерно нанесете го на дното од тавата, па прелијте ја со подготвената смеса од јајца и промешајте за убаво да се соедини спанаќот со јајцата.Одозгора на смесата посипете дробено сирење и ставете го тавчето во рерна додека убаво зарумени. Откако ќе се испече, извадете го од рерна малку да се излади, а потоа исечето го на парчиња и послужете го.

Likes:
0 0
Views:
52
Article Tags:
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *