Посен десерт од темно чоколадо

Овој превкусен посен десерт се подготвува без брашно и дополнителни шеќери.

Доколку сте љубители на темното чоколадо веруваме дека ќе уживате во овој здрав десертен оброк, кој се подготвува за само неколку минути.

За неговата подготовка потребни ви се само неколку производи:

– 500 гр. темно чоколадо ( над 70% какао )
– една супена лажица масло за јадење
– 100 гр. ореви или бадеми
– 50 гр. суво овошје по желба ( суво грозје, урми, суви сливи или суви кајсии )

Подготовката е брза и едноставна.

За почеток, во сад на пареа растопете го чоколадото. Во растопеното чоколадо додадете го маслото за јадење и добро промешајте.

Во соодветен калап истурете ја чоколадната смеса, а врз неа посипете ги јаткастите плодови кои претходно сте ги издробиле на поситни парченца. Врз нив посипете од ситно исецканото суво овошје.

Вака подготвениот десерт ставете го во ладилник да се зацврсти пред да го послужите.

Likes:
0 0
Views:
51
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *