Рецепт:Крем боранија

Само дваесетина калории во 100 грама, а изобилство од железо и минерали – причина повеќе боранијата да биде често дел од вашето домашно мени.

Класичниот начин на подготовка на боранијата ни е познат на сите, но овој пат, се одлучивме да Ви предложиме еден поинаков рецепт за несекојдневен вкус што се памети.

За подготовка ви се потребни следниве производи:

– 500 грама жолта боранија
– 1 главица кромид
– Лук по желба
– Половина шолја неутрална хопла
– Лажичка копар
– 5 парчиња зденка
– Сол и црн пипер
– Масло за јадење

Начин на подготовка:

Во сад на оган сварете ја претходно измиената и исчистена боранија. Откако ќе омекне исцедете ја водата и тргнете го садот на страна.

Во друг сад на оган ставете масло за јадење. Претходно ситно исецканиот кромид и лук во количина што одговара на вашиот вкус пропржете го на умерена температура се додека не зарумени и не омекне. Потоа додадете ја сварената боранија и продолжете со пржење уште десетина минути. На крајот во садот додадете ги зачините, хоплата и парчињата зденка. Добро промешајте се додека зденката не се растопи во целост.

Вака подготвената боранија послужете ја со свежа зелена салата.

На здравје.

Likes:
0 0
Views:
45
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *