Рецепт: Здрава салата од брокула со топен кашкавал

За само десетина минути подгответе здрав, свеж витамински оброк во кој ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

1 домат

1 лажичка маслиново масло

1 кафена лажичка сок од лимон

4 лажици топен кашкавал

200 гр. цвет од брокула

2 чаши вода

малку сушен магдонос

Подготовката е брза и многу едноставна.

Во сад на оган зовријте вода со малку сол. Сварете ја брокулата и добро исцедете.

Исцедените цветови брокула префрлете ги во поголем сад, а потоа промешајте со останатите состојки – претходно измиен и ситно исецкан домат, топен кашкавал, лимонов сок, маслиново масло и магдонос.

Доколку сте љубител на семиња, ви препорачуваме да додадете и една  лажичка лупен сончоглед.

Декорирајте по желба.

На здравје

Likes:
0 0
Views:
43
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *