Солени мафини со кашкавал

Одлични за појадок или за вечера, прв избор во случај на непланирани гости или брза закуска.

За нивната подготовка потребни ви се следните производи:

150 грама рендан кашкавал
200 милилитри јогурт
50 милилитри масло за јадење
1 кесичка прашок за печиво
300 грама брашно
4 јајца
семки од сончоглед
ким за посипување
сол

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со миксер додека не добиете густа пенаста смеса. Додадете го јогиртот и маслото за јадење.

Во сад на страна промешајте го брашното со прашокот за пециво . Постепено додавајте го во садот со изматените јајца. Мешајте со лажица. Посолете. На крај додадете го и ренданиот кашкавал. Мешајте се додека не добиете компактна смеса.

Со вака подготвената смеса наполнете калапи за мафини, кои претходно сте ги премачкале со путер.

На површината на мафините наросете по неколку семки сончоглед и ким по желба.

Печете во претходно загреана рерна, околу половина час на темепратура од 180°.

Likes:
0 0
Views:
36
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *