Супа од брокула – оброк погоден и за најмалите

Уживајте во прекрасниот вкус на оваа здрава супа заедно со вашето семејство. .Богат со протеини и со железо, овој оброк е идеален избор дури и за најмалите.

За да ја подготвите супата од брокула потребни ви се следиве производи:

– една поголема китка брокула

– една лажица пченкарно брашно

– една супена лажица путер

– 100 мл млеко

– 500 мл вода

Начин на подготовка:

Во сад на оган ставете ја водата да зоврие, а во неа додајте ја брокулата и варете се додека не омекне. Пченкарното брашно постепено додавајте го во водата со континуирано мешање. На крај додадете го путерот, млекото и зачинете по вкус. Продолжите да ја варите супата уште пет минути. Откако путерот убаво ќе се растопи тргнете го садот од оган и добро изблендирајте.

На здравје.

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *