Кога да воведете житарки во исхраната на бебето

Со воведувањето на житарки во исхраната на бебињата најдобро е да се почне после шестиот месец од животот.

Кога веќе ќе решите да воведете житарки во бебешката исхрана тогаш предност дајте им на оризовите и пченкарните житарки, пред се поради фактот што тие не содржат глутен, супстанца на која што многу мали деца се осетливи и може да предизвика алергиски реакции.

Овој вид на житарки не го оптоваруваат дигестивниот систем на бебето и се лесни за варење.

Најдобро е житарките да ги комбинирате со овошје или подоцна со јогурт.

По изминувањето на седмиот месец во исхраната може да воведете комбинирани житарки односно оброци кои содржат пченица, просо, јачмен, рж и киноа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk