86 граѓани пријавиле загадувачи во Општина Карпош

86-мина свртеле на бројот кој Општина Карпош неодамна го отвори за да се пријавива загадувач на воздух. Најголемиот дел од пријавите се однесувале за производствен погон во Момин Поток. По зголемениот број на јавувања, овластениот инспектор за животна средина од Општина Карпош излегол на терен, со цел да изврши увид и да ја утврди фактичката состојба.
Мама365 побара одговор од градоначалникот Богоев, дали е спроведен надзор врз посочените субјекти и дали е евидентирано загадување над нормалното.
„ Во соработка со Државниот инспекторат за животна средина беше спроведен надзор врз посочениот правен субјект, при што е констатирано дека погонот врши дејност топење на отпаден алуминиум и алуминиумска троска. Друг отпад не е евидентиран за време на надзорот.
Кај овој субјект, како и кај складиштата за секундарни суровини не е утврдена активност после 18 часот, за време на викенди и после полноќ “, велат од општината.
Граѓаните на телефонската еко – линија пријавувале и мини депонии (сметлишта) во повеќе делови од Карпош. Градоначалникот тврди дека комуналните редари од Општината редовно се присутни на терен, со што се исчистени значаен дел од депониите.
Во периодот на енормното загадување, Општина Карпош излегоа и со интервентни мерки за справување со овој проблем.
На 15-ти декември беа донесени мерки за набавка на прочистувачи за воздух за сите градинки и училишта во Карпош. Освен тоа, Советот на Општина Карпош ќе расправа и за донесување на Одлука за субвенционирање на маски за заштита од загадувањето.
Исто така, беа прекинати сите градежни активности на Општината и се повикани сите инвеститори да запрат со своите градежни активности, како и некои од нив, и со узурпирање на јавните површини.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk