Кога адаптацијата во градинка трае подолго

Објавено на: Sep 05, 2016 од Мама Ане

Прилагодувањето односно адаптацијата на детето на престојот во градинката може да потрае неколку дена, понекогаш и еден месец и повеќе.

И тоа е сосема нормален процес кој мора да го помине секое дете. Времетраењето  на периодот на адаптацијата зависи од детето но и од воспитната установа во која ќе престојува. Периодот на адаптација всушност значи период на прилагодување на детето на воспитувачките, на децата како и на самиот  простор каде детето треба да престојува.

Детето треба да ги прифати новите личности што ги гледа во градинката, да промени начин на кој се одвива неговиот ден, да воспостави нов ритам на спиење, исхрана и нега. Во тоа досега му помогале личностите од блиското семејство, а од сега некои сосема нови личности.

Детето понекогаш може да реагира бурно, да не сака да јаде, да не сака да спие, да биде плачливо и лесно раздразливо, тажно дури и агресивно.

Многу е важно родителите да знаат дека тоа е прифатлива, нормална и минлива ситуација.
Според истражувањата подолгиот период на адаптација, односно повторната адаптација најчесто е забележана кај малку поголемите деца. Имено, може на самиот почеток да не се појават некои поголеми проблеми при процесот на прифаќање на градинката, но подоцна, откако детето ќе изгустира се ( новиот простор, новите играчки, новите другарчиња и сл. ) да почне да манифестира одбојност кон градинката.

Психолозите велат дека во тој случај многу е важно детето да се приврзе кон одреден предмет, играчка, личност и сл. кој ќе му го олесни процесот на адаптација. Дозволете му на детето да ја понесе од дома неговата омилена играчка, неговата чашка, ќебенце и сл. доколку на тој начин престојот во градинката станува за него поинтересен.

Измислете некоја забавна игра чиј период за играње ќе биде резервиран исклучиво на патот кон и од градинката.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…