Афти во устата-како да си помогнете

Афтите се мали ранички во усната шуплина, неретко болни, кои најчесто можат да се лоцираат на непцата но и на слузницата, јазикот и внатрешниот дел од образите.
Самите по себе, афтите не се опасни, но се знак дека нешто не е во ред со организмот воопшто.

Најчесто причинителот за нивната појава е падот на имунитетот. Афтите често се алергиска реакција или знак дека на организмот му недостасува витамин Ц и Б12, знак дека постои анемија или проблем со дигестивниот состав.

Афтите изгледаат како мали топчести промени на кожата кои постепно растат со светла боја ( најчесто бело-жолтеникава ). Нивните рабови се црвени што е знак за воспалителен процес.
Тие варираат во три клинички облика, кога траат од една до две недели и се најчесто со мал обем, афти кои траат до месец дена со малку поголем обем и оние афти кои изледаат како херпес ( спротивно на верувањето, но всушност вирусот херпес симплекс не ги предизвикува овие афти )

Прв чекор кон нивно намалување е внимавањето на исхраната. Храна која може да ја влоши состојбата со афтите е корката од лебот, пржената храна, коските, солените и зачинети грисини, киселата и лутата храна, газираните пијалоци и сл.

За исклучително ефикасен природен лек против афти се смета чајот подготвен од билна мешавина од невен и жалфија.

Направете чај од овие две билки и плакнете ја усната шуплина неколку пати дневно, но не го голтајте.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk