Активна и пасивна фаза на породувањето

Објавено на: Sep 01, 2016 од Мама Ане
Омекнувањето на цервиксот и неговото отворање го најавува почетокот на породувањето.

Бебето се спушта низ родилниот канал, а контракциите сеуште не се редовни и релативно слабо се чувствуваат. Оваа фаза може да трае со часови.

По самото започнување на породувањето следи пасивната фаза на првиот циклус од породувањето.
Во оваа фаза цервиксот се отвора до три, четири сантиметри. До крајот на оваа фаза контракциите ќе странуваат се почести и во просек ќе траат околу 30-45 секунди. Во оваа тн. пасивна фаза важно е покрај повремениот одмор родилката да е во движење и да внимава на своето дишење.

Активната фаза на првиот циклус го подразбира оној период кога контракциите доаѓаат се почесто ( во просек на две до три минути ) и траат околу една минута. Цервиксот е отворен околу осум сантиметри. Додека траат контракциите многу е важно родилката да внимава на дишењето и да ја завземе онаа положба во која таа се чувствува најпријатно.

Веќе во наредната фаза, втората фаза од породувањето, следи процесот на активно раѓање, а потоа и третата фаза на исфрлување на постелката.

Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…