Антибиотиците не се делотворни кога станува збор за настинка

Постојат повеќе од 200 различни вируси за кои се користи општиот термин настинка. Децата во просек се соочуваат со дванаесет настинки во текот на една година. Настинката е вирусна инфекција која што го напаѓа горниот респираторен тракт. Симптомите варираат од кивање, кашлање, течење на носот, болка во грлото, малаксаност или затнат нос. Малите деца, покрај овие симптоми, можат да се соочат со зголемување на телесната температура.

Во текот на првите три дена настинката може да биде навистина заразна и да се пренесе од човек на човек преку сето она што е контаминирано со вирусот.Во просек настинката трае околу една недела, иако забележано е дека кашлицата може да биде поупорна и да се задржи малку подолго.
Најчести вируси кои што се развиваат во задната страна на грлото задржувајќи се во клетките на аденоидите се рино вирусот, короно вирусот и коксаки вирусот. Тие брзо се репродуцираат и се шират по останатиот дел од респираторниот тракт.

Освен лекови кои што се користат за намалување на тегобите, меѓу кои најзастапен во употребата е парацетамолот, лек кој во целост би ја излечил настинката или би го заштитил телото од напад на вируси не постои.

Антибиотиците не се делотворни кога станува збор за настинка, односно вирусна инфекција, а вакцина против овој тип на заболување би била не корисна поради честите и брзи мутации на вирусите.

Помош во одбрана од настинките може да ни понудат суплиментите на природна база кои што делуваат во зајакнување на имунолошкиот систем.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk