Антибиотик против супербактерии

Американските научници направиле модификација на еден витален антибиотик во борбата против едни од најопасните супербактерии.

Се работи за нова верзија на лекот ванкомицин (vancomycin) која е означена како исклучително силна и се чини дека ќе биде неколку илјади пати појака од стариот лек, се наведува во извештајот објавен во „PNAS journal“.

Како што се наведува, антибиотикот делува против бактериите на три различни начини, со што во голема мерка се намалува можноста бактеријата да го избегне неговото дејство.

Сепак, лекот сѐ уште треба да се тестира на животни и луѓе.

Научниците од Институтот Скрипс се надеваат дека лекот ќе биде спремен за употреба за пет години, ако ги помине дополнителните тестирања.

Експертите веќе неколку пати предупредуваат дека се наоѓаме на врвот на „пост-антибиотската ера“ кога некои инфекции би можеле да станат неизлечиви.

Едни од тешко излечивите се и инфекциите предизвикани од ванкомицин-резистентните ентерококи или ВРЕ. Ги има во болниците и може да предизвикаат тешки рани и инфекции на крвта , а од СЗО се означени како едни од најопасни бактерии за човековото здравје кои се отпорни на антибиотици.

Новиот, модифициран ванкомицин успешно ги уништил примероците во лабораториски услови и ја задржл речиси целосната ефикасно и после 50 проби на бактерии.

Бидејќи новата верзија ги убива бактериите преку три различни механизми, истражувачите велат дека докторите ќе можат да го користат лекот без да се плашат дека ќе се развие резистеција на лекот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk