Аспирациската пневмонија како ризик за родилките при итен царски рез

Ако се случи да дојде до итен царски рез под општа анестезија секогаш постои опасност родилката да поврати во текот на операцијата.
Во тој случај се зголемува ризикот храната и течностите од желудникот да дојдат до белите дробови. Овој случај медицински се нарекува аспирација и претставува сериозна компликација по здравјето на мајката.

Имено, аспирацијата може да доведе до потенцијално сериозно воспалување на белите дробови, наречено аспирациска пневмонија.

Внесот на храна во текот на породувањето може да ја зголеми количината на храна и течности во желудникот а со тоа и ризикот од појава на аспирациска пневмонија.

Токму затоа не се препорачува внесување на големи количини храна и течности непосредно пред и за време на самото породување. Од друга страна, на родилките им се препорачува консумирање на изотонични пијалоци кои немаат иста концентрција на сол и шеќери како телото, преку кои организмот ќе се обезбеди со доволна количина на енергија.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk