Автоимунолошките фактори како причинители на машката неплодност

Објавено на: Dec 20, 2016 од Мама Ане

Според истражувањата, машката неплодност како причина за брачната неплодност се појавува во 40% од случаите.

Постојат многубројни ризик фактори кои што можат да бидат предизвикувачи на неплодност кај мажите. Имунолошките фактори, освен кај жените, исто така се причина и за машката неплодност.

Автоимунолошките фактори се причина за неплодност кај 2-13% од машката популација.Автоантителата можат да се најдат во телото на мажот по вирусна инфекција или оперативен зафат во пределот на тестисите. Најчесто настануваат како последица на оштетувања на крвно-тестисните бариери.

Медицината смета дека токму автоимуните фактори можеби се главен услов за појава на олиго или азооспермија, чиј причинител до сега се сметал дека е од идиопатска природа.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…