Бананите се природен лек против болните грчеви во нозете во текот на бременоста

Болните грчеви кои можат да бидат непријатен следбеник на трудничките денови, според искуствата на трудниците, најчести се во текот на ноќта кога телото е отпуштено за време на сонот и најчесто се локализирани во пределот на листовите на нозете.
Имено, овие мускулни грчеви се појавуваат како последица на зголеменото оптоварување на нозете поради зголемената тежина во бременоста.

Исто така недостатокот од одредени минерали како што се калиумот, калциумот и магнезиумот значително влијае врз нивната појава.

Прекумерното конзумирање на газирани пијалоци и месни преработки кои предизвикуваат зголемување на нивотот на фосфор во организмот на индиректен начин ја зголемуваат можноста за неочекувана појава на овие навистина непријатни и болни грчеви.

Пред да преминете на суплиментарно надополнување на оптималната количина на минерали во организмот обидете се тоа да го постигнете на природен начин преку исхраната.

Најефикасни во тој поглед се млечните производи и бананите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk