Бебе на планина- да или не

Објавено на: Dec 28, 2016 од Мама Ане

Многу родители си го поставуваат прашањето, може ли бебе од три месеци да помине неколкудневно зимување на планина чија надморска височина е околу 2000 метри?

Иако свежиот воздух секому му годи, па и на бебињата, сепак не е препорачливо децата помали од три месеци да поминуваат многу време на толкава надморска височина.

Разредениот ладен воздух е вообичаен за планински места со оваа надморска височина. Иако воздухот е чист сепак е ладен. Тоа значи дека бебето со цел да се заштити од тој разреден и ладен воздух треба да помине повеќе време во хотелската соба отколку надвор.

Медицински гледано, за бебињата можат да се овозможат адекватни услови на планина, но подобро тоа да се случи на некоја планина со пониска надморска височина, на пример околу 1000 метри каде што бебињата помали од три месеци во вистинска смисла на зборот ќе можат безбедно да уживаат во свежиот и чист воздух.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…