Бебињата кои спијат одвоено од родителите, побрзо заспиваат

Бебињата кои спијат во соби одвоени од родителите, порано заспиваат и им треба помалку време за тоа, за разлика од оние кои спијат со родителите покажува новото истражување.

Исто така, овие бебиња помалку се будат за да јадат и подолго да спијат. Родителите полесно ги заспиваат а и самите имаат подобар сон.

Авторката на студијата Џоди Миндел изјави дека овие бебиња навикнале сами да се заспиваат.

Оваа студија е контрадикторна со онаа која ја направи Американската асоцијација на педијатри во кој се препорачува првите шест месеци бебињаа да спијат со родителите.

Во истражувањето кое тврди дека бебињата треба да спијат во простории одвоени од родителите учествувале 6.236 новороденчиња помеѓу 6 и 12 месеци во САД, како и родители на 9.798 бебиња од Австралија, Бразил, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk