Бебињата знаат да читаат од усни

 

Бебињата не учат да говорат само слушајќи ги туѓите гласови, туку и читајќи им од усните на личностите во нивна близина.
Таа способност бебињата ја развиваат до шестиот месец од животот кога и нивниот говор се менува – бебињата полека почнуваат да изговараат слогови кои подоцна ќе се преобразат во први зборови.

Од првиот ден, родителите го гледаат бебето во лице, а исто така и тоа нив. Со текот на времето тоа научува каков облик завземаат усните во склад со звуците, гласовите, чувствата и речениците кои ги искажуваат родителите.

Кога ќе слушнат нешто што за нив е непознато, бебињата до една година старост прво ве погледнуваат во очите, а веднаш потоа повеќето од нив го спуштаат погледот кон усните и се трудат да одгатнат за што станува збор.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk