Бенефитите од солта за нашето тело

Дури и да не сте биле никаде на море, сепак можете да ја искористите предноста на морската сол и да си подготвите прекрасна хипертонична бања и масло за масажа за да ја стимулирате циркулацијата и да го спречите задржувањето на водата.

Дневното пливање може да биде доволно за регенерирање на кожата, како и прошетките по плажата. Но, за да му се спротиваставите на отекувањето на нозете и мртвите клетки на кожата во летниот период, не постои подобар лек од солта која се содржи во морската вода, што, благодарение на нејзината моќ ги суши вишокот течности помеѓу ткивата на вашата кожа.

Габриеле Цимерман во неговата книга за исцелителната моќ на водата и солта, сугерира користење на интегрална морска сол, која покрај хлорот и натриумот содржи уште 84 елементи кои се присутни во морето и во нашето тело.

Во морската сол, покрај натриумот хлорид, се наоѓаат 80-тина различни елементи како калиум, магнезиум и манган кои прават чуда за вашето здравје, кожа и коса. Природната морска сол е здрава и има терапевтски својства. Таа содржи преку 80 елементи кои чудотворно делуваат на здравјето, кожата и косата. Најголемата разлика помеѓу морската и кујнската сол е што кујнската на повеќе од 650 степени Целзиусови ја менува својата хемиска структура и не ги содржи потребните елементи и минерали како природната сол. Морската сол е идеален природен пилинг и помага при потстранување на горниот слој мртви клетки кожа. Таа изобилува со витамини и минерали кои се од витална важност за правилна исхрана на клетките. Тие хранливи материи можат да го подобрат метаболизмот на клетките, да го одржуваат ткивото хидратизирано, да ја поттикнат циркулацијата на самата површина на кожата, како и да ја подобрат силата на мембраната на клетките.

За подготовка на релаксирачки третман, потребно е да растворите две или три лажички морска сол во топла вода и да ги потопите нозете барем 30 минути, а доколку имате потреба повторувајте го овој ритуал секој ден. На крајот од бањата или доколку преферирате на почетокот, измасирајте ги нозете со масло на база на кристален хидросалин, составен од 74% вода и 26% сол.

Во принцип, хидросалинскиот раствор е корисен за вишокот токсини и се употребува при третманите за кожни болести.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk