Безбедни позиции за спиење во бременоста

Докторите препорачуваат да се избегнува спиењето на грб по завршувањето на првото тромесечје од бременоста. Доколку почесто спиете на грб ја зголемувате можноста со својата тежина да притиснете некоја поголема вена која носи крв од нозете кон срцето и на тој начин да му ја отежните работата на срцето.

Исто така докторите препорачуваат да не се загрижувате доколку во текот на спиењето често ја менувате положбата, сепак тоа е нормална појава. Недостатокот на сон кој би се појавил доколку премногу сте оптеретени во текот на ноќта со тоа како е поставено вашето тело во креветот може многу полошо да влијае отколку позицијата во која што спиете.

Најдобро е да спиете свртени на страна, а особено на левата страна бидејќи таа позиција овозмоува непопречен проток на крв низ вашето тело, вклучувајќи го и протокот на крв низ матката и дотокот на хранливи материи до фетусот.

Со цел да ја задржите оваа позиција во текот на ноќта а при тоа и да ви биде удобно послужете се со специјални перници дизајнирани за трудници или доколку не сте во можност и обичните перници ќе ја извршат истата намена.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk