Бидете добар пример на своите деца

Доколку вашето дете е неодлучно, несамостојно, пцуе или не ги почитува возрасните прашајте се каде сте погрешиле. Вие сте негов пример така што се што како родители ќе направите тие впиваат како сунѓер.

Неколку грешки во однос на децата имаат пресудно влијание на нивното севкупно однесување.

-Ако вие другите ги прекинувате додека зборувате и им упаѓате во збор, тоа ќе го прави и вашето дете. За да не се случи бидете трпеливи. Кога разговарате со него или други луѓе од вашето опкружување, почекајте до крај да каже што сака па тогаш одговорете и продолжете ја приказната. Со личен пример покажете култура во комуникацијата.

-Не се однесувајте премногу заштитнички, бидејќи ќе станат зависни од вас и другите луѓе. Децата кои се навикнати родителите да им ги решаваат проблемите или да донесуваат одлука наместо нив, подоцна потешко се снаоѓаат во животот.

– Научете ги децата на пристојнот и убаво однесување на време. Зброовите како извини, благодарам и те молам треба да бидат составен дел од нивната јазична култура.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk