Биохемиски спонтан абортус

Објавено на: Oct 22, 2016 од Мама Ане

Биохемиот спонтан абортус означува прекин на бременоста за која не било можно клинички да се докаже дека постои ниту со гинеколошки ниту со ултразвучен преглед.
Кај биохемиската бременост и биохемискиот спонтан абортус додека трае оваа исклучиво кратка бременост се следат одредени биохемиски параметри кај кои се бележат промени. Токму по тие промени се констатира постоењето на бременоста. На прво место е промената на ß-hCG во крвта, но не и во урината.

Кај биохемискиот спонтан абортус разликуваме ран и доцен абортус, раниот кој се случува пред шеснаесеттата недела и е многу почест случај, и доцен кој се случува по шеснаесеттата недела.

При тоа, најран знак на спонтаниот абортус е вагиналното крварење кое може да биде со различен идентитет. Доколку жената не знае дека е бремена најчесто помислува дека е во прашање редовниот менструален циклус кој можеби овој месец се пролонгирал за неколку денови. Меѓутоа често крварењето е пропратено со болки во долниот дел на стомакот. Секако, не секое крварење на почетокот на бременоста значи спонтан абортус, затоа е потребно поголемо внимание дури и ако се работи за оскудно крварење.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…