Бленореа-влажнење на папочето кај бебињата

Со терминот бленореа (blenorrhoe umbilici) се именува состојба во која доаѓа до навлажнување на папочето кај бебињата. Станува збор за површинска инфекција на папокот која се карактеризира со постојано влажнење на папочната регија.
Влажнењето всушност преставува наталожување на сукрвичав секрет во вдлабнувањата на папочната рана.

Ако оваа состојба трае подолго, постои опасност од развој на микроорганизми и се оневозможува брзо и нормално зараснување на папочната рана.

Лекувањето на бленореата во повеќето случаи е многу ефикасно  и се состои од често чистење на местото со јод.

Ако влажноста сеуште трае и папочето не зараснува, дури и по соодветниот третман, детето треба да се упати на специјалистички хируршки преглед поради можноста од постоење на компликации во подлабокиот простор под папочната рана.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk