Болката во карлицата за време на бременоста се поврзува и со пушењето

Карличните болки во текот на бременоста се честа појава, регистирана дури кај 58% од трудниците, особено во периодот по второто тромесечје од бременоста.
Помал ризик за чести болки во пределот на карлицата за време на бременоста имаат оние трудници кои не пушат или престанале да пушат неколку месеци пред зачнувањето- тврдат данските научници.

Од анкетираните 5000 трудници, данските научници дошле до сознание дека болките во пределот на карлицата се за 20% почести кај жените кои пушат во текот на бременоста.
Според статијата објавена во списанието ‘British Journal of Obstetrics and Gynaecology ‘ ова зголемување на можноста за почести карлични болки се поврзува и со пушењето поради еден фактор: пушењето во бременоста го намалува протокот на крв во ткивата во карличната регија што може да резултира со чести болки.

Кон овој фактор се придржуваат и мноштво други како што се старосната граница, тежината, општата здравствена состојба и работните обврски на трудницата.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk