Бракот и јазот на генерации

Љубовта не познава години – така велат сите оние кои го делат животот со значително помлад или постар партнер. Но, за нејзиниот опстанок тоа е важно, тврдат австралиските научници, откако ги добиле резултатите на долгогодишните студии во кои учествувале 7.682 пара.
Студијата започнала уште во 2001. година, а учесниците еднаш годишно одговарале на прашања за нивните емотивни задоволства.
Резултатите покажуваат дека на почетокот најсреќни биле мажите кои имале значително помлади партнерки, а најмалку задоволни биле мажите кои стапиле во брак со постари дами. Ниту жените не биле задоволни покрај постар маж, додека покрај помлад партнер тие се чувстувале одлично.
Но, дури и кога е сè во ред во раните фази на бракот, ситуацијата се променила по 6 до 10 години заеднички живот.
Како што истакнуваат научниците, паровите со поголема разлика во годините се помалку отпорни на финансиска криза. Неочекуваните финансиски тешкотии довеле до тоа на виделина да излезат некои прикриени незадоволства, тензии и разлики помеѓу партнерите.
Браковите во кои партнерите се слични по години се поотпорни на финансиски шокови, а се посинхронизирани кога се во прашање поголемите животни одлуки кои влијаат на двете страни, од тоа колку деца имаат па сè до тоа како се трошат финансиите во домот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk