Бремените жени често забораваат

Објавено на: Apr 08, 2016 од Мама Кате

Заборавноста им се случува на многу бремени жени и на младите мајки, а уште се нарекува „бремен мозок“, прегнезија, амнезија во бременоста или мамомнезија. Поради што се случува и како да се борите со неа?

Најчести жалби

Истражувањата покажуваат дека капацитетот на мозокот не се менува во бременоста, иако кај некои жени е намалена интелектуалната „острина“. Но тое е минливо, мозокот под влијание на хормоните се подготвува за т.н. „мајчинско програмирање“.

Одсутноста, ниското ниво на внимание, мисли кои талкаат, растресеноста се вообичаени појави на кои бремените жени најчесто се жалат, особено во третото тримесечие.

Кај речиси половина идни мајки се појавува краткорочно губење на памтењето, кои кај некои трае и година дена откако бебето ќе се роди.

Всушност 80 отсто од бремените жени се соочуваат со некоја форма на ослабнати когнитивни функции. Докажано е дека во последните шест месеци од бременоста и во првите три месеци по породувањето најмногу имаат проблеми со просторното памтење, односно често пати не можат да се сетат каде оставиле одредени работи.

Вработените бремени жени претежно се жалат на расејаност, неможност да се фокусираат на она што го работат, а некогаш не се во состојба квалитетно да го завршат она што го почнале, дури ни да запаметат што се направиле.

Меѓу вистината и митот

Одреден број научници ја негираат „мајчинската амнезија“, појаснувајќи дека вистинските виновници, кои доведуваат до заборавност се ненадејните промени на расположението. Меѓутоа голем број студии покажале дека таа дефинитивно постои.

Тоа меѓудругото го утврдиле и истражувачите од Универзитетот во Сиднеј, кои испитувале како функционира меморијата кај бремените жени. Резултатите покажале дека некои способности се намалени, особено за објавување на нови мемориски задачи – како памтење на телефонски броеви, имиња на луѓе или повеќе податоци за кусо време.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…