Бременоста го продолжува животниот век на мајката

Секое ново дете го продолжува животниот век не само на мајката туку и на таткото-тврдат австралиските научници.
Тие во своето истражување ангажирале повеќе од 1200 жени постари од шеесетина години.

Утврдено е дека жените кои имале шест или повеќе деца имале 40% помало ниво на смртност од 1988 до сега.

На кој начин всушност бременоста го продолжува животниот век на мајката?

Имено, познато е дека матичните клетки од бебето поминуваат во телото на мајката и обновуваат многу ткива и органи во нејзиното тело создавајќи своевиден ревитализирачки процес.

Но, она што е интересно е фактот дека и мажите кои што се татковци на повеќе деца имаат подолг животен век од оние мажи кои немаат деца.

Оваа врска сеуште не е во целост истражена, но се смета дека поголемиот број на деца во животот на еден татко носи поголемо ниво на возбуда, интересни моменти, емоции и цели во животот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk