Бременоста и стресот

Иако се смета за еден од најубавите периоди од животот, бременоста нема да ги елиминира сите стресни ситуации во вашиот живот на идната мајка.

Напротив, мачнините, наглите промени во расположенито во комбинација со брзото темпо на живот и работните обврски дури можат и да го зголемат нивото на стрес.

Истажувањата докажале дека трудниците во чиј организам е забележано пониско ниво на хормонот кортизол, носат деца кои се помалку чувствителни на надворешните стресни влијанија.

Според стручњаците, изолираната и мала количина на стрес понекогаш може и да биде корисна- зголеменото ниво на адреналин го забрзува крвотокот а на тој начин до бебето доаѓа повеќе крв која носи кислород и хранливи материи што е особено важно за развојот на бебешкото срце, мозок и бубрези.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk