Брза пита со шунка

Одличен избор за појадок или вечера за сите презафатени мајки и млади домаќинки.

Потребни состојки:
3 јајца
125 грама масло за јадење
две чаши брашно
една чаша јогурт
1 пециво
100 грама сирење или кашкавал
200 грама рендана шунка
малку сол

Начин на подготовка:

Сирењето ( кашкавалот ) и шунката ги рендаме. Останатите состојки сите заедно ги мешаме со лажица. Откако смесата ќе стане хомогена во неа додадете го филот.
Печете на 200 степени во подмачкана тава додека питата не зарумени.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk