Рецепт: Брза супа од компири

Лесно за подготовка, вкусно за консумирање. Уживајте!

Потребни состојки:

2 лажици брашно
3 поголеми компири
1 јајце
оцет
2-3 лажици масло
сол
оригано

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите, исечете ги на ситни коцкички и ставете ги да се варат во посолена вода. За тоа време подгответе бела запршка од брашното и маслото па додајте ги варените компири и водата во која се вареа компирите. Измешајте се и оставете да се повари десетина минути, а потоа иставете ја супата од огинот и зачинете ја со разматено јајце, во кое сте додале вински оцет.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk