Бутан-единствена земја во светот каде за успехот на државата се мери бруто националната среќа

Бутан е единствената земја на светот во која власта е уверена дека тежнеењето кон среќа на секој жител е најважната цел на земјата.

Токму среќата се смета за главен приоритет на националната политика.

Ова е толку многу важно што токму правото на среќа е дел од членот 9 од Уставот на државата.

Во Бутан не постои концепт на бруто домашен производ. Наместо тоа, за благосостојбата на земјата се користи индикаторот- бруто национална среќа.

Концептот на бруто национбална среќа потекнува од 1972 година и се заснова на четири основни компоненти како што се културната димензија, рамноправниот економски развој, доброто управување и заштитата на животната средина.

Поради таа причина, на секоја личност во земјата во склоп на пописот на населението, помеѓу останатото, се поставува прашањето: Дали сте среќни?

Во последниот попис спроведен во 2015 година, 35% од населението одговорило дека е многу среќно, 47,9% дека се чувствува умерено среќно, а само 8,8% од населението одговорило дека се чувствува несреќно.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk